Од 44-тата седница на Владата: Усвоена е Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески”; Инженерски единици од САД ќе пристигнат на Криволак за меѓународната вежба „Одлучен удар 21"

9 февруари 2021


На денешната 44-та седница во насока на определбата за отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта – Струга и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за финансии да обезбедат средства и да го вклучат овој проект како приоритетен за 2021 – 2022 година.

Undefined

Битиќи и Петров: Отворен првиот јавен повик на ФИТР за ко-финансирани грантови во 2021 година ; 6 милиони евра за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економси раст

6 февруари 2021


Вкупно 6 милиони евра, се ставаат на располагање преку првиот јавен повик за ко-финансирани грантови на микро, малите и средни компании за технолошки развој и за забрзан економски раст, соопштија на денешната прес конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров.

Undefined

„Недела неработен ден“ е законско решение за постигнување социјална рамноправост и заштита на работничките права

5 февруари 2021


На денешната седница на економско социјалниот совет се разгледуваше драфт текстот за  законското решение за "недела неработен ден".
Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата – недела да се прогласи за неработен ден, односно според она што денеска се донесе како заклучок, текстот да гласи: „недела е ден за неделен одмор“.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи: Пописот е основа за креирање на квалитетни економски политики за реалните потреби на граѓаните

4 февруари 2021

„Основата на квалитетни економски политики кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, може да се добијат само преку издржани статистички податоци. Тие податоци произлегуваат токму од најважната и најобемна статистичка операција- попис“, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS