ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ
за Проект за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа)
-ПОВТОРНА ОБЈАВА-
Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој, спроведуваат проект во рамки на програмата за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој во Македонија.
За таа цел се спроведува постапка за ангажирање на индивидуални консултанти за следните позиции:
- Независен експерт за надзор и менторство
- Специјалист за сметководство
Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања ги поканува сите кандидати кои исполнуваат условите да изразат интерес за обезбедување на консултантски услуги. Заинтересираните кандидати потребно е да обезбедат информации со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите. Исто така, заинтересираните кандидат треба да достават листа на 3 релевантни референци за позицијата за која аплицираат.
Доколку сметате дека ги задоволувате соодветните квалификации и искуство, ве молиме да доставите ваша Професионална биографија - CV и Писмо за интерес, со јасна назнака за која позиција аплицирате на следната е-маил адреса: Sirera@gs.gov.mk. Последен рок за доставување апликации е 10.06.2020 година до 12:00 часот, локално време.
Деталниот опис на работни задачи и условите за работа за позициите за кои се објавува овој оглас се достапни на линковите подолу.
Terms of Reference – Independent Supervision and Mentoring Expert