Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, и со зaмeник-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, и со заменик-претседателот за европски прашања Никола Димитров, денеска одржаа прес-конференција на која ги презентираа остварувањата од работењето на Владата во првите 100 дена.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 29-та седница ја донесе Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 28-ма седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата.
„Социјалното претприемништво, како посебна форма на претприемништвото чија цел е создавање на социјална еднаквост и заедништво, се фокусира на многубројните социјални, еколошки и општествени предизвици. Се отвора комплетно нов сегмент за нашата земја во поглед на бизнис секторот, а отворањето на „Јунус центарот за социјални бизниси“, ќе ни помогне побрзо да го развиваме тој сегмент, и да се стекнеме со нови вештини и идеи за развојот на социјалното претприемништво“, потенцираше во своето воведно обраќање вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на свеченоста по повод отворањето на „Јунус центарот“ во рамки на Економскиот факултет во Скопје.