Средба Битиќи – Сахакјан: Активна е соработката на Владата со УНДП во спроведување на проекти за Целите за одржлив развој и Агендата 2030

18 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со постојаната претставничка на Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) во нашата земја, Нарине Сахакјан, со која разговараа за тековните проекти кои се проведуваат со меѓусебна соработка, како и за намерите на Владата за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи се сретна со Советот на странски инвеститори – Ги слушаме потребите на компаниите, имаме континуиран и креативен дијалог за создавање на услови за побрз и одржлив развој на економијата

17 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, попладнево, во рамките на серијата на консултативни средби со стопанските комори, синдикални организации, граѓански и организации на работодавачи и академската и стручна заедница, реализираше работна средба со управниот одбор на Советот на странски инвеститори, кадешто беа дискутирани предизвиците со кои се соочуваат странските компании, актуелната економска ситуација, но и плановите на Владата на краток, среден и долг рок.

Undefined

Средба Битиќи – Брнз: САД е стратешки партнер на Северна Македонија, ќе продолжи соработката на политиките кои ќе донесат развој и подобар живот за граѓаните

17 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мaри Брнз, која беше придружувана од ракводителот на канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.

Амбасадорката Брнз ги поздрави демократско спроведените избори и формирањето на Владата, а воедно упати и честитки до Вицепремиерот Битиќи за назначувањето на новата функција.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS