Учество на вицепремиерот Анѓушев на Работна средба на Клубот на консултанти

Ве информираме дека на 20 февруари 2018 година (вторник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, ќе учествува и ќе се обрати на „Работната средба за презентација на активностите на Kлубот на консултанти“ при Стопанската комора на Македонија.

Настанот ќе се одржи во сала 4 на петтиот кат во објектот на Стопанската комора на Македонија, а ќе започне во 11:00 часот.

Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.

Грант од 500 илјади евра од ЕБОР – техничка соработка помеѓу Владата и ЕБОР за развој на обновливи извори на енергија

19 февруари, 2018 година

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и директорката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за Централна и Источна Европа, г-ѓа Шарлот Руе, одржаа конференција за медиумите, на која беа презентирани аспектите за меѓусебната соработка за техничка поддршка за реализација на програмата за изградба на електрани од сончева и ветерна енергија.

 

Потпишување на договор со ВИК

Ве информираме дека утре, на 19 февруари 2018 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на свеченоста по повод потпишување на договор за државна помош помеѓу Владата на Република Македонија и ВИК Македонија, компанија лоцирана во ТИРЗ Алинци-Прилеп.

Договорот ќе го потпишат министерката за привлекување на странски инвестиции г-ѓа Зорица Апостолска, сопственикот и управител на групацијата ВИК г-дин Христоф Дерн и директорот на ВИК Македонија г-дин Хелмут Румлер.

Вицепремиерот Анѓушев на отворање на сместувачки капацитети на ФФМ – младите фудбалери добиваа подобри услови за тренинг, обврска за подобри резултати во иднина

16 февруари, 2018 година

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, присуствуваше на свеченото отворање на сместувачките капацитети за учесниците на ФФМ/УЕФА Елитната академија, кои се дел од спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ на Фудбалската федерација на Македонија.

Осум нови инвестиции со 0 денари за промоција – Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава нови можности за стопанствениците

15 февруари, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони Александар Младеновски одржаа прес конференција на која се презентираше новата инвестиција во ТИРЗ Скопје 1, како и нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

 

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS