Реализирани проекти

Учиме од бизнис заедницата

Владата на Република Македонија постојано спроведува низа активности, мерки и проекти со цел унапредувањето на деловната клима, бизнис опкружувањето и конкутентноста. Оттука, одржувањето на континуиран дијалог со бизнис заедницата е еден од приоритетите на Владата. Во таа насока, во изминатите години успешно беа спроведени и реализирани, а во тек се спроведуваат и голем број на проекти, меѓу кои е и проектот “Учиме од бизнис заедницата” кој започна во 2010 година, под називот „Посета на 150 компании“.

 

English

Енергетска ефикасност во индустриски менџмент

Има за цел да ја подобри конкурентната позиција на македонските индустриски компании преку имплементирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија во нивните производни погони. Преку ваквиот стандардизиран, систематски и континуиран пристап во управувањето со енергија се заштедува енергија и се намалуваат трошоците на производство.

English

Инвестиции во чиста енергија

Проектот за инвестиции во чиста енергија се надоврзува на тековните активности за Проектот НЕРС (LEDS) - ниско-емисиони развојни стратегии  - НЕРС.  Проектот за инвестиции во чиста енергија е тригодишен проект, кој започна во април 2013 и е насочен кон поддршка на Владата на Република Македонија во процесот на подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија.  Главната цел е унапредување на економскиот развој, зголемување на инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, намалување на вкупната потрошувачка на енергија, под

English

Нискоемисиони развојни стратегии НЕРС (Low emission development strategies - LEDS)

Целта на НЕРС е да ги поддржи и подобрува развојните програми, планови и мерки кои се дел од стратешките документи од областа на енергетиката, при тоа да се надгради институционалниот капацитет со цел квалитетна подготовка и имплементација на стратешките и планските документи од областа на енергетиката, а во исто време соодветно да се справи со климатските промени.

English

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increase Market Employability)

Програмата за зголемување на пазарната вработливост има за цел зајакнување на бизнис- секторот во Македонија, подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат, проширување на пазарите и создавање поповолна бизнис средина во три избрани сектори: туризам, креативна индустрија и зелена (еколошка) економија. Главни цели на активностите на ИМЕ Програмата се зголемување на приходите на мажите и на жените, а особено на младите, преку зголемување на конкурентноста на малите бизниси во клучните сектори и кај земјоделците.

English

Pages

Subscribe to RSS - Реализирани проекти