30 април 2020
Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа состанок со кој претседаваше премиерот, Оливер Спасовски и на кој заедно со заменичката претседателка во владата задолжена за економските ресори, Мила Царовска, со министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, остварија дијалог со претставниците на синдикатите и граѓанските организации за заштита на правата на работниците на кој се разговараше за уредбата за владината финансиска поддршка за исплата на платите на работниците и за спас на работните места.