„Неопходно е македонската економија да се реструктира. Со сегашната структура на економијата, во која две третини од БДП се потпира на приватна потрошувачка, 15% на јавната потрошувачка, а само мал дел на извозот и производство, ние сме многу ранливи. Ако сакаме одржливо да се развиваме, оваа структура мора да се промени во насока на поголемо учество на производството со поголема додадена вредност, зголемување на конкурентноста на компаниите и раст на извозот. Треба да се поддржуваат сектори кои создаваат додадена вредност во економијата и кои на долг рок придонесуваат кон економски развој и подобрување на структурата на БДП“, посочува заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во интервју за специјализираниот електронски портал, izvoz.mk.
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамките на форумот „Стратешки економски разговори“, кој се одржува во местото Савудрија, во Република Хрватска, покрај на утринскиот панел во кој зборуваше за стратегиите, политиките и проектите на Владата во енергетскиот сектор, во попладневните часови учествуваше на интерактивната сесија „Економските стратегии на Република Северна Македонија во пост-пандемскиот период и напредокот на преговарачкиот процес за членството во ЕУ“, на која дебатираше со Кармен Јеитлер Синчели, член на Националниот совет (долен дом), на парламентот на Република Австрија и заменик генерален секретар на Австриската бизнис асоцијација.
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, на покана на „Бизнис развојната мрежа за Југоисточна Европа“ (SEEBDN – South East Europe Business Development Network) и „ТПА групација“ (TPA Group) од Австрија, учествува на форумот „Стратешки економски разговори“, кој се одржува во местото Савудрија, Истра, во Република Хрватска.
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денес, на покана на Градежниот институт Македонија (ГИМ) и на компанијата Макстил, присуствуваа на настан, на којшто беше презентиран заедничкиот проект на ГИМ и Макстил, наречен „Cinderela“, комплексен истражувачки и иновативен проект, финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската Комисија, базиран на можностите за намалување на урбаниот индустриски отпад, кој има за цел развивање и демонстрирање нов бизнис модел на циркуларната економија.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, денес го прими амбасадорот на Големото Војводство Луксембург, Н.Е. г. Филип Донкел, со кого разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји.