Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7; Во Куманово ќе се формира Центар за обука

31 Август 2021 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на Република Северна Македонија на граничните премини ќе мора да приложат:

- Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или

- Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

- Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред излез од територијата на Република Северна Македонија, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.

Undefined

Свечена владина седница во чест на 30-годишната независност: Република Северна Македонија со наследството од минатото и храбрите одлуки денес создаде држава членка на НАТО, со извесна европска иднина и економски перспективи



31 Август 2021 година

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа свечена седница посветена на 30-годишнината од независноста на државата.

На седницата е констатирано дека дел од тестовите на зрелоста, во изминатите 30 години, положија генерациите пред нас, а дел од нив ги положија денешните генерации, со што е заокружен илинденскиот и асномскиот континуитет и со храбрите и мудри одлуки денес, отворен е патот, по историскиот исчекор во НАТО-интеграциите, за развој на демократска Република Северна Македонија, со европска иднина.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бесими на средба со грчкиот заменик министер за надворешни работи Фрагојанис - Работиме на зајакнување на економската соработка и зголемување на инвестициите со Грција



31 Август 2021 година

Зајакнување и унапредување на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, при што двете страни ќе работат на зголемување на трговската размена, зголемување на инвестициите, како и потпишување договори коишто ќе ги подобрат позициите на фирмите, беа темите на коишто се дискутираше на средбата помеѓу заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, со заменик-министерот за економска дипломатија на Грција, Костас Фрагојанис, којашто се одржа денеска.

Undefined

Вицепремиерите Груби и Битиќи и градоначалникот Шилегов го претставија проектот за нова клучка на Булеварот Словенија – Започнува со реализација многу значаен проект, за реални потреби на граѓаните и развој на стопанството



31 Август 2021 година

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на заедничка прес конференција го претставија проектот за нова клучка во Скопје, со која треба да се поврзат булеварите „Словенија“, „Никола Карев“ и „Хасан Приштина“, а со која значително ќе се подобри поврзаноста и ќе се одговори на реалните потреби на граѓаните и стопанствениците кои живеат и работат во овој дел од градот.

Undefined

Стартува реализација на најголемиот капитален проект од 50 милиони евра во преносната енергетска мрежа за поврзување на Северна Македонија и Албанија

29 август 2021 година


Започна изградбата на капиталниот проект кој е од големо стратешко и енергетско значење, новата 400/110 киловолтната трансформаторска станица, во близина на Охрид, што во пракса значи реализацијата и на 400 киловолтниот далекувод за поврзување на електропреносните системи на Северна Македонија и на Албанија.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS