Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес оствари средба со претставници на компании-членки на Советот на странски инвеститори и Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, која се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија. На седницата присуствуваа и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески, како и претставници од други министерства и Владини агенции и дирекции кои обработуват теми поврзани со странските инвестиции.
„Канадската компанијата „Магна“, донесе одлуката да инвестира и отвори фабрика во Северна Македонија, пред сѐ поради добрата и предвидлива деловна клима во земјава која ги задоволува долгорочните цели на компанијата“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод новата инвестиција на „Магна Интернационал“ кој ќе отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.
„Ние сме Европа. Сите земји од иницијативата Западен Балкан 6 (Берлински процес) се Европа и јас силно верувам дека ако одиме заедно ќе одиме посилно и побрзо. И додека работиме кон заеднички регионален пазар, правиме чекор напред кон единствениот пазар на ЕУ што ќе ја зајакне нашата економска интеграција. Во таа насока на состанокот на Управниот одбор на Западен Балкан 6 - Форум за комори за инвестиции, ја презедов иницијативата за создавање на единствени, кохерентни политики за привлекување на странските директни инвестиции за сите сите земји, но исто така, создавање силен регионален синџир на вредности. Тоа ќе ја подобри нашата конкурентност многу повеќе отколку што може да направи секој од нас - индивидуално. Регионална конкурентност во однос на регионалната конкуренција. Ова, верувам дека е нашата иднина“, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, на состанокот на министри за економија на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес, кој се одржа преку видео конференциска врска.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 83-та седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.
На денешната, 83-та седница на Владата на Република Северна Македонија, донесена е одлука за доделување на финансиска поддршка на вкупно 745 естрадни уметници, со која за секое од лицата кои се пријавија и ги исполнија условите предвидени со јавниот повик ќе биде исплатена еднократна финансиска поддршка во износ од 30.750 денари по лице. На естрадните уметници кои беа погодени од корона кризата во наредните денови, вкупно ќе им бидат исплатени речиси 23 милиони денари (22.908.750,00 денари), со што е завршена уште една мерка од шестиот економски пакет.