Почетна

Од 74-тата седница на Владата: 15 јули е прогласен за неработен ден; Се враќаат во редовен работен процес вработените во институциите надлежни за спроведување на изборниот процес

7 јули 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 74-та седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува.

English

Вицепремиерката Царовска и директорката Шуклева и директорот на ЕБОР Аранитаси: Се инвестираат над 100 милион евра во изградба и реконструкција на електро-енергетскиот преносен систем за стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија

7 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева и директорот на канцеларијата на Европската банка за обноца и развој, Анди Аранитаси, денес извршија работна посета на трансформаторската станица Скопје 4, каде се извршуваат активности за реконструкција на трафостаницата.

English

Вицепремиерката Царовска и директорот Деспотовски во посета на компанијата Акрон – Со вложување во иновации и технолошки развој, поддржуваме одржливост и раст на компаниите и економијата

6 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, денес ја посетија компанијата Акрон, сместена во кругот на поранешна „Стакларница“, корисник на кофинансиран грант од ФИТР, за реализација на проектот на „Отпадно стакло“.

English

Вицепремиерката Царовска во посета на компании во Кисела вода – Со првите два сета мерки зачувавме над 60.000 работни места, третиот сет на мерки е за развојот на компаниите и економијата

3 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, реализираа посета на компаниите Мако маркет и Флора компани, кои работат во оваа општина, кадешто разговараа со менаџментот на компаниите за Владините мерки за поддршка во услови на корона кризата, како и за генералните Владини политики за економски раст и развој на Република Северна Македонија.

English

На веб страницата на Владата се објавени протоколите за одржување спортски натпревари, за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани, за вршење меѓуградски превоз и други

3 јули 2020

На веб страницата на Владата на Република Северна Македонија (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) се објавени Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна