Почетна

МЗШВ: Правила за движење на земјоделците во време на забрана за движење

8 април 2020

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

English

Од 37-та седница на Владата: Донација на медицинска опрема од Турција; Уредба за ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата во јавниот сектор;Усвоена информација за апликацијата “StopKorona!-мобилна апликација за справување со КОВИД-19

7 aприл 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 37-ма седница го разгледа и усвои записникот од дваесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 7 април 2020 година.

English

Инспекторите затворија 48 угостителски објекти и запечатија 215 кафемати

7 април 2020

 


Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциски надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, кои интензивно се спроведуваат на терен, со цел да гарантираат целосно почитување на мерките на Владата за заштита од КОВИД-19.

English

Почна со работа владиниот кол центар за компаниите и граѓаните - со телефонски повик на 02/324-8040 до сите информации за економските и другите мерки за КОВИД-19

6 април 2020


Владата на Република Северна Македонија денес го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД -19.

English

Овозможена работа на фабриките и транспортот и за време на построгиот полицискиот час, работниците ќе одат на работа со посебни дозволи

6 април 2020

Владата на Република Северна Македонија, на 36-та седница, одржана на 6 април 2020 година, покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста КОВИД-19 (коронавирус), заклучи дека економските оператори што работат во прва смена треба да го организираат работниот процес согласно забраната и посебниот режим на движење, а производствените капацитети кои работат и во втора, трета и четврта смена да го организираат својот начин на работа како и до сега, со издадени дозволи за движење од страна на работодавачот согласно пропишаниот образец. 

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна