Почетна

Вицепремиерот Анѓушев на дебата во организација на Институтот Хеиделберг: имаме едуциран млад кадар, Bладата дава поддршка за младите за да се поттикне претприемачкиот дух

Вчера вечер, во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев учествуваше на форумска дебата „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во ЕУ и НАТО (влијанија врз монетарната политика, бизнисот и пазарот на капитал)“ во организација на „Институтот за бизнис и менаџмент Хеиделберг Скопје“.

English

Потпишани меморандуми за соработка со УСАИД – реформите во енергетскиот сектор продолжуваат

Денес, во Свечената сала на Владата, беа потпишани меморандуми за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Министерството за економија и УСАИД, како и помеѓу Регулаторната комисија за енерегетика и УСАИД, за „Проектот за развој на регионални енергетски пазари – поддршка на реформите во секторот енергетика“.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерката Апостолска во Свети Николе – мерките на Владата придонесуваат за индустриски развој на Македонија

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, придружувани од градоначаланикот на Свети Николе, Сашо Велковски, реализираа работна посета на општината при што ги посетија производствените капацитети на компаниите БИМ и МИК, едни од поголемите индустриски погони кои успешно функционираат во овој крај.

Компанијата БИМ е една од стотината компании кои согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите имаат потпишано договор за државна помош, кој се однесува на реализирана инвестиција во технолошки развој и бизнис планот за развој на компанијата.

English

Вицепремиерот Анѓушев одржа средба со синдикатот на Еурокомпозит 11 Октомври– на 15 октомври ќе се разгледуваат измените на законот за материјално обезбедување на невработени лица, еурокомпозит ќе влезе во преструктуирање

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит 11 Октомври Прилеп“ и Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство при што и ги информираше дека на 15 октомври, Собранието на Република Македонија на дневен ред ќе го разгледа Предлог законот за измена на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

English

Премиерот Заев: Посилен предизвик за економски развој на Македонија од членството на земјата во ЕУ и НАТО не постои

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска имаа свои воведни обраќања на научната конференција „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“ во организација на Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Владата на Република Македонија, Народна банка на Македонија и Стопанска комора на Македонија. Премиерот Заев во своето обраќање истакна:

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од воспоставување на нашата независност до денес претставува јадрото на македонската интелигенција која низ годините ги поставува правците и насоките за економски и политички развој на Република Македонија. Оваа научна институција преку широкиот спектар на економски научни анализи долги години учествува во креирањето на економски политики.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна