Почетна

Вицепремиерите Битиќи и Николовски и министерот Бектеши во работна посета во Солун – Регионалната енергетска соработка е важна за побрз и одржлив економски развој, Северна Македонија и Грција станаа пример за добрососедска соработка

28 септември 2020


Официјална делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска реализираше еднодневна работна посета во Солун, Република Грција.

Undefined

Од 6-тата седница на Владата: Усвоен четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19; Донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта

27 септември 2020


Владата на Република Северна Македонија на вчерашната редовна, 6-та седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, и го усвои пакетот кој е во насока на продолжување на мерките од претходните три сета мерки со цел понатамошно опоравување на домашната економија во периодот на враќање во нормала односно во новонастаната нормала.

Undefined

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка

27 септември 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменик-претседателите и министрите од економските ресори, одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, усвоен на денешната седница на Владата.

Undefined

Четвртиот пакет економски мерки е обемен и вклучува поддршка и помош за најпогодените сектори и категории на граѓани, членовите на ЕСС се задоволни од неговиот опфат

26 септември 2020


Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата втора седница предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и останатите членови на ЕСС.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна