Почетна

Донесен ребалансот на буџетот 2020: Обезбедени средства за мерките за ревитализација на економијата

15 мај 2020


 Владата го донесе ребалансот на буџетот за 2020 година чија цел е да ги финансира мерките за надминување на последиците од КОВИД-19 кризата и да го забрза процесот на опоравување на економијата. Министерката за финансии Нина Ангеловска, која заедно со заменик-министерката за финансии Ширет Елези, го презентираше ребалансот, рече дека новите мерки и активности ќе бидат катализатор, забрзувач на процесите во периодот на опоравување, кој треба да започне во третото тримесечје, а да се интензивира во четвртото тримесечје.

English

ВицепремиеркатаЦаровска, министерот Димковски и директорот Бабовски на увид на системот за наводнување Дисанско поле – Владата ги овозможува сите услови за одржливо земјоделско производство

15 мај 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Неготино Тони Делков извршија увид на активностите поврзани со изградба на системот за наводнување „Дисанско поле“.

English

Од 53-та седница на Владата: На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба; Службените патувања на носителите на јавни функции ќе се остваруваат исклучиво со одобрување на Главниот координативен кризен штаб

15 мај 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена.

English

Од 52-рата седница на Владата: Донесен ребалансот на Буџетот за 2020

15 мај 2020

Владата на својата вчерашна, 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна