Почетна

Спасовски, Царовска, и Хасан во посета на „Братство Инокс“ во Охрид: 170 компании добија финансиска помош од државата, со одговорно политики го подобруваме економскиот раст и развој

10 февруари 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот без ресор, Елвин Хасан и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески попладнето ја посетија фабриката за садови за готвење „Братсво Инокс“ во Охрид.

English

Царовска и Шкријељ во Гевгелија: Секој пензионер доби зголемена пензија за 722 денари, продолжуваме да го јакнеме стандардот на повозрасните

7 февруари 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска се сретнаа со пензионерите во Гевгелија со кои разговараа за актуелните прашања поврзани со повозрасните граѓани како и за исплатеното зголемување на пензиите.

English

Спасовски: Воведуваме европски и светски трендови во електроенергетската дејност, го либерализиравме и го развиваме пазарот на електрична енергија

7 февруари 2020


Со двата капитални проекти на МЕПСО - нов 400 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Република Северна Македонија и на Република Албанија, и новата 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид, вредни 35 милиони евра, со поддршка на Европската банка за обнова и развој, во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток-запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија до Италија, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски во своето обраќање на настанот по повод потпишувањето на договорите на АД МЕПСО со „Енергоинвест“ од Република Босна и Херцеговина и со „Кончар“ од Република Хрватска, за изведба на овие проекти.

English

Царовска во Штип – Стартува младинскиот додаток, по 3000 денари месечно за вработени во производство до 23 години

6 февруари 2020


Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски се сретнаа со вработените од неколку фабрики и со ученици од средни стручни училишта во Штип, во врска со најновата владина марка - младински додаток. Целта на средбата е да се информираат младите лица до 23 години, како и нивните родители за надоместокот коишто ги следува помладите вработени во производствената дејност.

English

Царовска и Лукаревска на прв заеднички состанок со Организацијата на работодавачи, текстилниот кластер и Гласен текстилец

5 февруари 2020


Заменичката на Претседатлот на Владата за економски прашања Мила Царовска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска се сретнаа со преставници од Организацијата за работодавачи, Кластерот за текстил и граѓанската организација „Гласен текстилец“, којашто работи во заштита на работничките права. 

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна