Почетна

Вицепремиерот Анѓушев, министерот Бектеши и директорот на НЕР Реџепи на свеченото завршување на Транс-анадолскиот гасовод ТАНАП – Значаен енергетски проект со кој се овозможува дистрибуција на азербејџански гас до Европа

30 ноември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија м-р Крешник Бектеши и директорот на Националните енергетски ресурси Бајрам Реџепи, присуствуваа на свеченоста со која свечено се одбележа пуштањето во употреба на Транс-анадолскиот гасовод (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline - TANAP), на локацијата Ипсала/Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Република Грција и Република Турција. Со ова, Транс-анадолскиот гасовод (ТАНАП) официјално започна да пренесува гас до европскиот дел од јужниот гасен коридор на турско-грчката граница.

English

Одржана јавна расправа за Стратегијата за енергетика на Република Северна Македонија од 2020 до 2040 година

29 ноември 2019


Предлог Стратегијата за енергетика за периодот од 2020-2040 година, изработена од страна на Истражувачкиот центар за енергетика и оддржлив развој во МАНУ, денес беше презентирана пред сите релевантни чинители во енергетското живеење во земјата. Предлог стратегијата е изработена во соработка со консултантската куќа Прајсватерхаус Куперс (PwC), а во креирањето се консултирани сите релевантни државни институции, бизнис заедницата, невладини организации и други чинители, додека финансиски е поддржана со грант од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

English

Потпишан договор за изградба на фотонапонската електрана Осломеј – Во втората половина на 2020 година се очекуваат првите мегават часови струја од електраната

28 ноември 2019


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашање д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши, присуствуваа на свеченото потпишување на договорот за изградба на фотоволтаична електрана Осломеј, со инсталирана моќност од 10 мегавати, кој го парафираа директорот на АД Електростопанство на Северна Македонија, м-р Васко Ковачевски и претседателот на бордот на директори на компанијата-изведувач „Гиришим Електрик“, г. Мухатин Бехиџ Харманли.

English

Од компанија во стечај, поранешен ФЕНИ, денес Еуроникел Индустри, благодарение на политиките на Владата извезува во вредност од 200 милиони евра и има плати за 30% повисоки од просекот во државата

27 ноември 2019


Стечајната постапка во ФЕНИ, денеска Еуроникел Индустри, не само што е најуспешна постапка во нашата историја, со расчистени долгови кон сите доверители, вклучително и кон вработените, туку денеска е компанија која со извоз од 200.000.000 милиони евра, учествува со 1,8% во вкупниот БДП на државата, и исплатува за 30% повисоки плати од просекот на своите работници, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на годишнината од работата на фабриката под раководство на новите сопственици, компанијата ГСОЛ од Швајцарија.

English

Вицепремиерот Анѓушев на средба со новоименуваниот австриски амбасадор Вуцас – Сите економски индикатори се позитивни, Северна Македонија атрактивна земја за австриските инвеститори

27 ноември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија, Н.Е. г. Георг Вуцас, со кого разговараа за соработката помеѓу двете земји, како и за актуелните економски и политички состојби во земјата.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна