Почетна

Вицепремиерката Царовска на состанок за дуалното образование- Се разгледува можноста за продолжување на практичната обука на средношколците во фабриките под протоколи за заштита од Ковид-19

17 август 2020

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс денес одржаа он-лајн состанок на којшто се разговараше за можностите за продолжување на практичниата настава како дел од дуалното образование во компаниите во неколку градови низ државата во услови кога земјата и светот се соочува со Ковид-19.

English

Вицепремиерката Царовска, преставникот на ЕУ Бертолини и градоначалникот Илијев во посета на Осогово - Развиваме услуги за развој на планинскиот велосипедизам

14 август 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, преставникот на ЕУ Никола Бертолини и Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, вчера доцна попладнето имаа работен состанок и направија увид во градежните работи на проектот „Планински велосипедски рај“ на Осоговските планини којшто се реализира со средсва од проектот за Локална и регионална конкурентност, финансиран од грант од Европската Унија.

English

Царовска, Манчевски, Бертолини и Коцевски во посета на велешкото езеро - Со инвестиција од околу 1 милион евра Езерото Младост станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава

13 август 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски, преставникот на Европската комисија Никола Бертолини и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски денес го посетија Езерото Младост кадешто се спроведува прокет за локлана и регионална конкурентност со којшто се подобрува туристичката понуда. 

English

Царовска, Бајрактар и Шкријељ на Меѓународна конференција за кризен менаџмент: Во услови на пандемија покажавме дека се грижиме за сите

12 август 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и поранешната дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ вчера доцна попладнето учествуваа на он-лајн меѓународна конференција „Улогата на кризниот менаџмент во време на пандемија- меѓусекторска солидарност и соработка“, организирана од Министерството за труд, вработување и социјални прашања на Р. Србија.

English

Од 80-тата седница на Владата: Моделот за образовниот процес 2020/2021 ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести; Зголемен е процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници до 75%

11 август 2020

На денешната 80-та седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна