Почетна

Од 3-та седница на Владата: Наставата во основното и средното образование ќе трае 172 односно 158 наставни денови за завршната година на средното образование, следува измена на наставните програми со цел завршување на учебната година на 10 јуни

18 Јануари 2022 година

Од 3-та седница на Владата: Наставата во основното и средното образование ќе трае 172 односно 158 наставни денови за завршната година на средното образование, следува измена на наставните програми со цел завршување на учебната година на 10 јуни

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности.

Undefined

Владиниот економски тим на средба со делегација на ЗЕЛС – Предизвиците со кои се соочуваат граѓаните се заеднички, Владата е отворена за дискусија за изнаоѓање на најсоодветни решенија за нивно надминување

18 Јануари 2022 година


Дел од министрите од Владиниот економски тим, предводени од заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, придружуван со министерите за финансии Фатмир Бесими, економија, Крешник Бектеши и локална самоуправа, Горан Милевски, денес остварија средба со делегација од Заедницата на единиците на локална самоуправа, која ја предводеа претседателката и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска и потпретседателите, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а во која беа и градоначалниците на Теарце, Нухи Незири, градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

Undefined

Од втората седница на Владата: Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари; Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

17 Јануари 2022 година

Од втората седница на Владата: Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари; Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Undefined

Од првата седница на Владата: Определени вицепремиерите и нивните должности; Именувани се претседателите и членовите на основните и на посебните комисии на Владата

17 Јануари 2022 година

Од првата седница на Владата: Определени вицепремиерите и нивните должности; Именувани се претседателите и членовите на основните и на посебните комисии на Владата; Закажана е консултативна седница на Кризниот штаб за справување со пандемијата за прашањето за продолжување на учебната година


Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши на заедничка прес конференција - Радијаторите и домовите на граѓаните ќе останат топли до крајот на грејната сезона

14 Јануари 2022 година


„Владата го заштити интересот на граѓаните и преку процес на преговори и договори со вклучените страни, најде најсоодветно решение за надминување на проблемот со снабдување на топлинска енергија на домовите на граѓаните од Скопје. Домовите на Скопјани остануваа загреани до крајот на грејната сезона“, потенцираа за време на заедничката прес конференција заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, која се одржа по 134-та седница на Владата на која се усвои Уредбата за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна