Почетна

Вицепремиерот Битиќи на средба со амбасадорот на Луксембург Донкел – Северна Македонија и Луксембург имаат пријателски и партнерски односи

29 септември 2021

 


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, денес го прими амбасадорот на Големото Војводство Луксембург, Н.Е. г. Филип Донкел, со кого разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји.

Undefined

Од 108-та седница на Владата: САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со Северна Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари; Утврдени законските измени за установите согласно Планот за борба против корупцијата

28 септември 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 108-ма седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој  УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.

Undefined

Северна Македонија има одлична бизнис клима и можност за развој на компаниите кои се ориентирани кон иновации

27 септември 2021


Северна Македонија е земја со одлична деловна клима каде компаниите имаат можност за долгорочно планирање и развој на инвестициите, е заклучокот од состанокот на премиерот Зоран Заев со главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи се сретна со швајцарската амбасадорка Зутер Техада – Соработката со Швајцарија е извонредна, огромен поддржувач на реформите и евро-интеграцискиот пат на Северна Македонија

27 септември 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, денес оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, на која набрзо и завршува мандатот во Република Северна Македонија.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ: Инфлацијата е во рамки на плановите, Владата работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните

27 септември 2021


„Инфлацијата е во рамките на планираното. Просечната стапка на инфлација е стабилна во првите осум месеци и е 2,7%, во одредени месеци е нешто повисока, во некои други пониска. И во земјите членки на Европската Унија, во тие рамки се движат инфлационите стапки. Во Германија оди инфлацијата и до 3,9%, но животниот стандард е различен во Германија и Северна Македонија. Тоа што го кажувам и ќе го повторам и отворен сум за дискусија и со опозицијата и експертите, тоа е дека Владата може да допринесе животниот стандард да се подобри. Еден од начините на кои може да се интервенира, тоа е преку влијание на минималните приходи, зголемување на минималната плата, а со тоа и зголемување на просечната плата. Дека има подобрувања во овој сегмент, мора да признаеме дека има, дека очекувањата на сите нас се поголеми, дефинитивно се.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна