Почетна

Вицепремиерот Битиќи на средба со државната секретарка во германското федерално министерство за економија и енергетика Доер Вос – Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија, заеднички работиме на уште посилно економско поврзување

20 септември 2021


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој е во работна посета во Берлин, Сојузна Република Германија, денес оствари работна средба со државната секретарка во федералното министерство за економија и енергетика Клаудија Доер Вос, со која разговараа за економската соработка помеѓу двете земји.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на свеченото отворање на „Меѓународната економска летна школа“: Во услови на пандемија, региравме брзо и донесовме соодветни одлуки и мерки за да ги зачуваме работните места и ликвидноста на компаниите и граѓаните

20 септември 2021

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на покана од Економскиот факултет на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“, денес, преку видео порака, се обрати на свеченото отворање на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од Ковид-19 “. Настанот, покрај вицепремиерот Битиќи го отворија и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески и претседателот на организациониот одбор на 11-та летна економска школа, проф д-р Игор Ивановски.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи во посета на Крушево – Владата инвестира во поддршката на туризмот, Северна Македонија има голем потенцијал за развој на оваа гранка

18 септември 2021


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, извршија увид на завршните активности поврзани со потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, кој се имплементира во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е ко-финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, со техничка помош од канцеларијата на Светска Банка во нашата земја.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и градоначалничката Петровска во увид на активностите за реставрација на Офицерскиот дом во Битола – Инвестираме во зголемување на локалната конкурентност во сите региони во државата

17 септември 2021


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, извршија увид во активностите на потпроектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување“, кој се спроведува во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, ко-финансиран од Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија, а со техничка поддршка од канцеларијата на Светска банка. 

Undefined

Заедничката седница на двете влади, Република Северна Македонија и Република Косово е потврда на одличните односи и надградување на заедничките интереси за Западен Балкан како регион на траен мир

16 Септември 2021 година


Премиерот Зоран Заев ја отвори заедничката седница на владите на Република Северна Македонија и на Република Косово со уште едно добредојде до премиерот Албин Курти кој денеска ја предводи владата од Приштина во работната посета на Скопје.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна