Почетна

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Галовеј го потпишаа меморандумот за соработка за воспоставување на Централна единица за следење на инфраструктурни-инвестициски проекти за поефикасна и поефективна реализација на проекти за подобар живот на граѓаните

28 јули 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј, денес го потпишаа Меморандумот за соработка за воспоставување на Централна единица за следење на инфраструктурни проекти, кој ќе се спроведе во соработка со Канцеларијата проектни услуги на Организацијата на Обединетите Нации.

Undefined

Од 92-та седница на Владата: На добитникот на сребрениот медал во теквондо на Олимписките игри и на неговиот тренер ќе им биде доделена парична награда во вкупен износ од 2,4 милиони денари; Во Кривичниот законик се воведуваа кривичното дело „демнење“

28 јули 2021


Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.

Undefined

Владата го одобри и третиот пакет одобрени проекти и договори за 34 општини со што се заокружува реализацијата на програмата ТАВ

27 јули 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната тематска седница за 3-та група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ, го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ.

Undefined

Од тематската седница на Владата за институционална и фискална децентрализација: Продолжуваат реформите за поголема финансиска автономија на општините

27 јули 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната тематска седница посветена на процесот на институционална децентрализација ги разгледа и усвои Дополнувањата на Информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација вклучувајќи ги и критериумите за распределба на дотацијата од ДДВ согласно симулациите со предлог-заклучоци.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна