Почетна

„Недела неработен ден“ е законско решение за постигнување социјална рамноправост и заштита на работничките права

5 февруари 2021


На денешната седница на економско социјалниот совет се разгледуваше драфт текстот за  законското решение за "недела неработен ден".
Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата – недела да се прогласи за неработен ден, односно според она што денеска се донесе како заклучок, текстот да гласи: „недела е ден за неделен одмор“.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи: Пописот е основа за креирање на квалитетни економски политики за реалните потреби на граѓаните

4 февруари 2021

„Основата на квалитетни економски политики кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, може да се добијат само преку издржани статистички податоци. Тие податоци произлегуваат токму од најважната и најобемна статистичка операција- попис“, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ – Разговараме за две нови инвестиции од 300 милиони евра

3 февруари 2021


Зборувајќи за интересот на компании од странство да инвестираат во Северна Македонија, заменикот на претседаетлот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи рече дека само во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварил средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна