Почетна

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши во посета на Раде Кончар ТЕП – Во услови на светска криза обезбедивме рекордна поддршка од 65 милиони евра за развојни проекти на над 840 компании

2 февруари 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, денес ја посетија компанијата Раде Кончар трансформатори и електрични постројки, една од 400-те компании, кои добија грант за реализација на нова инвестиција во 2020 година, преку јавниот повик за зголемување на конкурентност, спроведен од Министерството за економија.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи: Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата

30 јануари 2021


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со претставници на Независната угостителска комора (НУК), со кои разговараше за нивните видувања во однос на досегашната поддршка на стопанството преку имплементацијата на четирите сета антикризни мерки, а дискутираа и за предлогот на новиот, петти сет на економски мерки, кој се очекува Владата да го усвои и објави во периодот кој следи.

Undefined

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

27 јануари 2021

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19.

Undefined

Од 41-та седница на Владата: Усвоен е Националниот план за КОВИД-19 вакцинација; Донесена е Програмата за економски реформи 2021 - 2023; Одобрена е Годишната програма на ЈПДП која годинава во делот на инвестициите е повисока за 4 милијарди денари

26 јануари 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 41-ва редовна седница го разгледа и го прифати Националниот план за КОВИД-19 вакцинација во Северна Македонија и го задолжи Министерството за здравство и другите надлежни институции да го имплементираат и да доставуваат редовни месечни извештаи за остварениот напредок.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на свеченото отворање на OECD центарот во Истанбул – Преку подобри економски политики заеднички да креираме општества со поголема благосостојба

22 јануари 2021


„Се чувствувам оптимист во врска со агендата на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) која вклучува интензивен и одржлив пристап кон инклузивно закрепнувањето од Ковид - 19. На Северна Македонија и е неопходен ваков вид платформа со цел да се придвижиме напред кон глобално признатите стандарди и амбиции, и затоа го гледам новиот центар на OECD во Истанбул како извонредна можност за споделување на подобри вредности, создавање на подобри идеи и учење на подобри стратегии со цел да се добијат подобри економски перформанси и подобро општество со поголема благосостојба“, потенцираше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во своето обраќање за време на свеченоста на која беше отворен новиот центар на OECD во Инстанбул.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна