Почетна

Средба на вицепремиерот Битиќи со амбасадорот на Унгарија Дукс – Економската соработка се развива во позитивна насока, да се искористат унгарските искуства за пристапувањето кон ЕУ

29 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Ласло Дукс, со кого разговараа за актуелните состојби поврзани со мерките за поддршка на економијата во услови на пандемијата со коронавирусот, економската соработка помеѓу двете земји и поддршката од Унгарија во процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија.

Undefined

Од 16-тата седница на Владата: Одобрена набавката на лекот „Veklury (remdesivir)“ прифатен во терапијата на КОВИД-19; Намалени се увозните царинските стапки на одделни производи за производство на технолошко напредни производи

27 октомври 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 16-та редовна седница ја разгледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, прифатен во терапијата на КОВИД-19, со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија и обезбедување на финансиски средства и донесе заклучок да го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“ согласно обврските преземени од Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, доделен со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија.

Undefined

Од 15-тата седница на Владата: Утврден ребалансот на Буџетот по амандманската расправа во Собранието; Во пакетот 4 за финансиска поддршка влегуваат и самостојните вршители на дејности; Одлуки за нови кадровски решенија

26 октомври 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година со амандманите кои беа прифатени во комисиската расправа во Собранието, и донесе заклучок вака утврдениот ребаланс на Буџетот да биде доставен на усвојување во Парламентот.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши: Потпишани договори за финансиска поддршка со 48 компании, кои и покрај светската економска криза, инвестираат во развој, нови вработувања и зголемување на конкурентноста

26 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа прес конференција на која беа презентирани податоци поврзани со договорите за државна помош потпишани со компании кои аплицираа за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за 2020 година.

Undefined

Од 14-тата седница на Владата: Утврден Закон за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020година од Ковид економските мерки; Одлуки за разрешувања и именувања на директори и членови на УО на јавни претпријатијa

22 октомври 2020


На денешната 14-та седница на Владата на Република Северна Македонија утврден е Предлог на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна