Почетна

Средба на премиерот Спасовски со претставници на МАКАМ –ТРАНС: Важна е солидарноста од сите страни, дијалогот носи решенија

7 мај 2020

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од заменичката на претседателот на Владата, задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, се сретна со претставници на МАКАМ-ТРАНС, Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва, предводени од генералниот секретар на МАКАМ-ТРАНС, Биљана Муратовска.

English

Бајрактар и Шкријељ: Редовно се исплатува гарантирана минимална помош, за најранливите олеснет влез во системот на социјална заштита

6 мај 2020


Ударот на пандемијата што не завршува во здравствениот систем, доаѓа во системот на социјална заштита. Затоа мерките со кои се помага на ранливите граѓани и домаќинства во кризата што ја предизвика КОВИД-19 се клучни, зашто од една страна ги ублажуваат последиците врз оние наши сограѓани кои останале без приходи а од друга страна  овозможуваат подоцна државата полесно да го мине процесот на економско заздравување. Ова го посочи заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар на денешната прес-конференција, на која заедно со дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ говореа за прилагодувањето на системот на социјална заштита за брз одговор во услови на здравствено- економска криза.

English

Царовска: Се засилува соработката на инспеторатите со граѓанските организации за поголема заштита на правата на работниците и граѓаните

6 мај 2020


Заменичката на престедателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, денес  одржаа координативен состанок со директорите на трудовиот и транспортниот инспекторат Алајдин Хавзиу и Руфат Хусеини, претседателката на Советот на инспектори Магдалена Филиповска Грашкоска и со преставници на Сојузот на синдикати на Македонија, „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, „ХЕРА“, „ФООМ“, „Платформата за борба против сиромаштија“, „Мрежата против насилство врз жените“ и УНДП. 

English

На ден пред истекот на рокот висока и охрабрувачка бројка од над 19 илјади компании аплицираа за мерката финансиска поддршка за исплата на платите за зачувување на што повеќе работни места

6 мај 2020

Над 19 илјади компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник преку која се овозможува континуитетот на работните процеси, се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси, при што се создаваат сериозни услови да се сочуваат работните места.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна