Почетна

Инспекциските служби продолжуваат посветено и професионално да ги извршуваат своите задачи – Државниот инспекторат за труд донесе 37 решенија со кои на работа се вратени 140 лица

30 април 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од шест инспекциски служби во надлежност на Советот, коишто во периодот од 22 март до 26 април имаат извршено 2.273 надзори, со цел да гарантираат целосно почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот КОВИД-19.

English

Со навремена реакција и соодветни владини мерки Северна Македонија најдобро се справува со кризата во регионот, посочува Светската банка во извештајот за Западен Балкан

30 април 2020


Земјите од Западен Балкан, како и остатокот од светот, ќе бидат погодени од последиците на пандемијата на коронавирусот, а Република Северна Македонија благодарение на навремената реакција и соодветните владини мерки најдобро се справува со кризата во регионот.

English

Вицепремиерката Царовска, министрите Адеми и Димковски и замениците министри Бајрактар и Шкријељ: Донесовме пакет мерки, се грижиме за сите

29 април 2020

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заменикот министер и дополнителната министерка за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и Санела Шкријељ, преку електронска апликација, на заедничка конференција за медиумите, реализирана преку електронската апликација „Zoom“, ги презентираа донесените мерки и реализираните активности за заштита на граѓаните и компаниите, особено оние најзагрозените од последиците на коронавирусот КОВИД-19.

English

Подобрени условите за мерката „14.500 денари по вработен“: Можност за трансформирање во грант, комбинирање со други мерки и флексибилност кај бројот на вработени

29 април 2020


Подобрувања на условите на мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен - со поголема флексибилност во условот за одржување на бројот на вработени, можност за комбинирање на мерката со мерката „50% субвенции на придонеси“ за најпогодените сектори и можност помошта да се трансформира во грант – неповратни средства.

English

За првомајските празници, во петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето почнува во 14:00 часот

28 април 2020

Caption

На денешната 47-ма седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници. 

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна