Почетна

Средба на вицепремиерот Битиќи со полскиот амбасадор Тицињски – Економската соработка со земјите членки на ЕУ е врвен приоритет

15 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски, со кого разговараа за економската соработка помеѓу двете земји, како и за реформите потребни за целосно интегрирање на нашата земја во Европската Унија.

Undefined

На 12-тата седница на Владата е донесена одлука за на бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија Ковид 3

14 oктомври 2020

 

Владата на Република Северна Македонија вечерва на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи се сретна со чешкиот амбасадор Томан – Економската и политичката соработка со Република Чешка е значајна за европските интеграции на Северна Македонија

14 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Мирослав Томан, со кого разговараа за продолжување на континуитетот на успешната економска и политичка соработка помеѓу двете земји и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји и компаниите од Чешка и Северна Македонија во економското поле.

Undefined

Од 11-тата седница на Владата: За мерките за задолжително носење маски на отворено, за забрана за групирање на прослави ќе се носат законски измени за нивно уредување; Утврден договорот за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС механизмот

13 октомври 2020

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, во угостителските објекти со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, при престој во службена просторија – канцеларија ако лицето е само во просторијата, како и за децата до 6 години, односно за деца од претшколска возраст; За забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна