Почетна

Една од најголемите светски компании за недвижности Ре/Макс започнува со работа на македонскиот пазар

18 јуни 2021


За време на службената посета на Швајцарската конфедерација, потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари работна средба со потпретседателите на Ре/Макс Европа, Курт Лукас и Адриан Бури. 

Undefined

Битиќи во службена посета во Цирих – Воспоставувањето на стопанска комора помеѓу Швајцарија и Северна Македонија отвора нови можности за економска соработка

17 јуни 2021

 

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој е во неколкудневна посета во Цирих, Швајцарска Конфедерација, за време на службената посета оствари средби со претставници на политичкиот и економскиот живот во оваа земја пришто се разговараше за воспоставување на заедничка стопанска комора, а воедно беа презентирани и можностите и поволностите за инвестирање во нашата земја пред повеќе швајцарски компании.

Undefined

Забраната за движење се укинува вечерва на полноќ

15 јуни 2021


Одлуката од денешната седница на Владата со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, стапува на сила од вечерва на полноќ.

Undefined

Од 78 седница на Владата: Одобрени договорите за 23 општини за реализација на инфраструктурни проекти вредни 9,9 милиони евра од првата фаза од вкупно предвидените 99 вредни 35 милиони евра

15 јуни 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 78 тематска седница, ги разгледа и усвои информациите во врска со склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна