Почетна

Од 61-вата седница на Владата: Донесена одлука за кризна состојба на дел од територијата; Одлука СЦ „Борис Трајковски“ да биде вакцинален центар; Одобрена прераспределба на средства за капитални проекти во образованието

1 aприл 2021

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 61-ва седница ги разгледа и усвои Записникот од седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 1 април 2021 година, со Записник од седницата на Групата за процена, одржана исто така на 01.04.2021 година и донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи: Минималната плата и во услови на криза продолжува да расте, нашата заложба е да достигне 18.000 денари, а просечната плата да изнесува 36.000 денари

1 април 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на новинарски прашања во врска со социјалниот дијалог за минимална плата, со кој се постигна договор истата да се зголеми за 1,7% и истата да изнесува 15.194 денари, истакна дека станува збор за позитивно решение, кое е донесено и во услови на криза, а притоа се вклучен сите страни: синдикатите, работодавачите, Владата и сите граѓани.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи: Владата на Република Северна Македонија е посветена на стимулирање на младите лица да создаваат подобра иднина, за себе и за државата

1 април 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на невладината организација „Рацио“, денес учествуваше на панел дискусија на тема  „Пристап и креативни стратегии во креирањето на програми за вработување на младите“, каде дискутрираше со универзитетските професори Висар Адеми и Гадаф Реџепи.

Undefined

Премиерот Заев: Со потпишаните договори за инвестиции во Александруполи ја осигуруваме енергетската иднина

31 март 2021


„Официјално ја зацврстуваме соработката на полето на енергетиката со компании од соседна Република Грција. За таа цел  се потпишани Меморандуми за соработка за реализација на проектите: Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи“, истакна премиерот Зоран Заев на денешното потпишување на трите меморандуми за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“, Електрани на Северна Македонија „АД ЕСМ“ и „Гастрејд“ како и помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ“.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна