Почетна

Интервју со вицепремиерот Фатмир Битиќи: Новиот пакет мерки ќе ги опфати компаниите и граѓаните кои се најпогодени

06 септември 2020

 

Со следниот пакет економски мерки ќе продолжиме со креирање на развојна македонска економија и јас сум уверен дека во тоа ќе успееме. Мерките ќе бидат дефиниран низ инклузивен процес на консултации со бизнис заедницата и ќе одговорат на потребите на стопанството и на граѓаните.

English

Вицепремиерот Битиќи на средба со бугарскиот амбасадор Ангелов – Подобрување на економската соработка со земјите од регионот е во фокусот на новата Влада

_DSC_8072.jpg

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, оствари прва официјална средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов, на која стана збор за досегашната економска соработка помеѓу двете земји, како и за идната соработка, за која се согласија дека има голем потенцијал да расте.

Амбасадорот Ангелов упати честитики кон вицепремиерот Битиќи за новопреземената должност и изрази очекување дека Република Северна Македонија ќе продолжи со успех по евро-интеграцискиот пат, како и дека соработката помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

English

Премиерот Заев им ги додели мандатните писма на министрите: Вложете максимални напори, Северна Македонија да биде земја во која граѓаните сакаат да живеат и да придонесуваат за нејзино постојано унапредување

_Predavanje pismo PVRSM Zaev - ZPVRSM Bytyqi.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на денешната втора седница, на министрите и министерките им ги врачи мандатните писма со утврдена мисија и задачи во нивниот четиригодишен мандат.

Повикувајќи ги да вложат максимални напори и ефективно да работат, премиерот Заев на министрите и министерките од новиот состав им порача да го слушаат гласот на народот и да им служат на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, раса, боја на кожа, потекло, припадност на маргинализирана група, социјално потекло, образование, религија, политичко уверување или било каква друга поделба.

English

Премиерот Заев на средба со претставници на Сојузот на стопански комори

_02092020_PVRSM Zaev_sredba_Sojuz na stopanski komori_3.JPG

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со министрите задолжени за економските ресори Фатмир Битиќи - заменик на премиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Фатмир Бесими - министер за финансии, Арјанит Хоџа - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јагода Шахпаска - министерка за труд и социјална политика, Благој Бочварски - министер за транспорт и врски, Насер Нуредини - министер за животна средина и просторно планирање и Венко Филипче - министер за здравство, денеска имаа средба со претставници на Сојузот на стопански комори.  

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна