Почетна

Манчевски и Адеми: Обезбедени ваучери за дигитални вештини за млади до 29 години

18 јуни 2020


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за образование и наука Арбер Адеми, на денешната прес-конференција ја презентираа уредбата за доделување на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини.

English

Објавен Јавниот повик: На компаниите кои инвестирале за време на пандемијата ќе им бидат распределени 20 милиони евра

17 јуни 2020


Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата информираше дека е објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД-19 периодот.

English

Вицепремиерката Царовска: Со развој на социјални претпријатија, каде ќе се вработуваат најранливите ќе се намалува сиромаштијата

17 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, денес учествуваше на Националната конференција „Социјално претприемништво: Иновативен бизнис - модел за похумано општество“, организирана од граѓанската организација ХЕРА, а којашто се одржа преку електронската апликација „Zoom“.

English

Од 69-тата седница на Владата: Со уредба се овозможува и приватните болници да хоспитализираат и да укажуваат нега и терапија на болни од КОВИД-19; Се отвораат сите гранични премини со примена на активните мерки

16 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 69-та седница ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, согласно која сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест коронавирус КОВИД-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест КОВИД-19.

English

Од 68-мата седница на Владата: Донесена е Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година

16 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија, на 68-мата седница одржана вчера, ја донесе Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна