Почетна

Владата ја одржа 62-рата седница

8 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 62-ра седница го разгледа и усвои записникот од 69-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19, и донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот.

English

Вицепремиерката Царовска: Подготвивме национален преглед, којшто ќе ни даде насоки за борба со сиромаштијата, нееднаквоста и одржливиот развој

8 јуни 2020


Националниот совет за одржлив развој, денес одржа седница преку електронската апликација „Zoom“, на којашто го разгледа Доброволниот национален преглед за имплементација на „Агендата 2030“ на Организацијата на Обединетите нации, пред истиот да биде разгледан и усвоен од страна на Владата.  

English

Инспекторите во засилена контрола во текот на продолжениот викенд: Државниот пазарен инспекторат поднел 9 пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на КОВИД -19

6 јуни 2020

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од конронавирусот КОВИД-19.

English

Од 61-вата седница на Владата: Усвоена Програма за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата

5 јуни 2020

На денешната редовна 61-ва седница Владата ја разгледа информацијата за активностите на Министерството за внатрешни работи и на инспекциските служби за контролите и постапувањата по однос на спроведувањето на владините мерки за справување со корона вирусот за време на тековниот продолжен викенд.

English

За продолжениот викенд се забранува работа за текстилните и кожарските фабрики во Штип

4 јуни 2020

Текстилните и кожарските фабрики на подрачјето на Општина Штип нема да смеат да работат за време на престојниот продолжен викенд, одлучи денес Главниот координативен кризен штаб врз основа на барање од Општина Штип, а со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна