Почетна

Од 39-тата седница на Владата: Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки донесени за справување со кризата;

9 април 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 39-та седница ја донесе Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната Расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.

English

Царинската управа го поддржува одржувањето на економската активност и поддршка на извозот, покрај тешките услови извозот во периодот јануари-март 2020 година е поголем за околу 210 милиони евра

9 април 2020


„Царинската управа заедно со сите органи и Министерства во Владата на Република Северна Македонија, прават исклучителни напори за одржување на економската активност и поддршка на извозот“, рече директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на денешната прес-конференција на која информираше за конкретните мерки во областа на прекуграничната трговија.

English

Од 38-та седница на Владата: Одобрени првите бескаматни кредити за поддршка на 136 мали и средни компании со 1.737 вработени во висина од 1,26 милиони евра; Отстапки од забраната за движење за лицата со попреченост;

8 април 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 38-ма седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

English

Препораки за однесување на вработените во производните капацитети кои произведуваат прехранбени производи и кланици

8 април 2020

На фирмите кои вршат дејност производство на прехранбени производи, им се препорачува производниот процес да се организира на следниот начин:

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна