Почетна

Инспекциски совет: Инспекциските служби се секојдневно на терен и со засилени контроли постапуваат по однос на спроведувањето на владините мерки за справување со корона вирусот

17 март 2020


Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседателката на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, тело кое го координира целокупниот инспекциски надзор на денешната  прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија информираше дека инспекциските служби се секојдневно на терен и со засилени контроли постапуваат по однос на спроведувањето на мерките за справување со корона вирусот.

English

Дел од заклучоците од 20-тата седница на Владата

16 март 2020


Владата на Република Северна Македонија на редовната 20-та седница го разгледа Записникот од Првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, одржан на 16 март 2020 година и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, ги усвои следните заклучоци:

English

Дополнување од 19-тата седница на Владата

15 март 2020

Дополнување од 19-тата седница на Владата: Владата му препорача на Јавното обвинителство итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот; Препорака до сите работодавачи таму каде што е можно да се организира работа од дома; На затворените копнени гранични премини се дозволува исклучиво премин на товарни возила

English

Известување од МВР

14 март 2020

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста и економските субјекти дека достава на прехрамбени производи, медикаменти и останати потребни стоки на подрачјето каде што е прогласена кризна состојба (општините Дебар и Центар Жупа) ќе се врши единствено во периодот од 08 00 до 14 00 часот. Заради продолжување со работа на индустрискиот капацитет Кнауф Радика Дебар овозможен е безбеден проток на возилата со кои се врши транспорт на ресурси и стока во подрачјето каде што е прогласена кризна состојба.

English

МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19)

14 март 2020

Почитувани,

Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19).

Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна