Почетна

Спроведена е дезинфекција во институции на органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата

14 март 2020


Специјално овластен оператор денеска спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата.

English

Од 18-тата седница на Владата: Донесена е одлука за кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, се затвора ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште–Требиште и Блато кон Албанија

13 март 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница го разгледа Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19 и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, со цел превенција и ширење на овој вирус, ги усвои следниве заклучоци:

English

Владата донесе Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 со која сите нејзини мерки добиваат правна основа за нивно спроведување

12 март 2020

Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница го разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спроведување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 март 2020 година, со Листа на дијагнози на хронични состојби и Објаснувањето околу прогласувањето Пандемија од Светската здравствена организација и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, а со цел превенција и ширење на овој вирус, ги усвои следниве заклучоци, мерки и препораки:

English

Владиниот економски тим на средба со претставници на стопанските комори: Корона вирусот е проблем на сите нас и заедно ќе го решаваме за да не се направат застои во економските процеси

12 март 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, и заменичките на претседателот, Радмила Шекеринска и Мила Царовска заедно со владиниот економски тим и повеќе министри, денеска одржаа работна средба со претставници на стопанските комори во земјата на која се разговараше за ситуацијата со вирусот „КОВИД-19“ и индикациите врз економијата и животот на граѓаните.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна