Почетна

Нова странска инвестиција во ТИРЗ Скопје – Турската компанија Пурпласт иницијално ќе инвестира до 12 милиони евра и ќе отвори нови 300 работни места

29 октомври 2019


Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и извршниот директор на турската компанија Пурпласт Мехмет Шишманоглу, денес во Владата на Република Северна Македонија, потпишаа договор за долгогодишен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2. Компанијата Пурпласт закупи 26.266 квадратни метри во зоната во Бунарџик, а фабриката која ќе започне да се гради наскоро е нивна прва надвор од Република Турција.

English

Евроатланските аспирации на Северна Македонија во фокус на дебатите во рамките на „Охридскиот дијалог“

25 октомври 2019


Стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните инапредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот продолжува и попладнево во Охрид во присуство на потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, министерот заинформатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот заекономија Крешник Бектеши, посебниот советник на премиерот Заев и Главен технички преговарач за ЕУ, Бојан Маричиќ, како и голем дел на дипломати од НАТО и ЕУ.

English

Заев: Сите крупни политички одлуки што ги направивме беа заради економскиот развој, за поддршка на инвестициите, за нови работни места, за повисоки плати

23 октомври 2019


Од денеска започнува финалната фаза од градбата на фабриката на германската компанија „Гересхajмер“ која ќе има 12.500 квадратни метри, во која првите производи наменети за фармацевтската и медицинската индустрија ќе започнат да се произведуваат на почетокот на втората половина од 2020 година и во која ќе бидат отворени 400 работни места.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши: Со новиот Закон за енергетика овозможивме изградба на фотоволтаици на принцип на Премиум тарифи, вкупно 126 понуди за изградба на електрани со инсталирана моќност од 62 мегавати на државно и приватно земјиште

16 октомври 2019


Во потполно јавна и транспарентна постапка, денес, во Клубот на органите на државната управа, беше извршено отворање на доставени понуди за изградба на фотоволтаични централи на приватно земјиште, по претходно објавениот јавен повик на Министерството за економија. За вкупно понудени 27 мегавати инсталирана моќност, пристигнати се вкупно 44 понуди, од кои за фотоволтаици со инсталирана моќност од 0 до 200 КВ има 11 понуди; од 201-500 КВ, вкупно 10 понуди; од 501КВ до 1000 МВ има 19 понуди, а од од 1МВ до 3 МВ пристигнати се 4 понуди. Кога ќе се земат во предвид и доставените понуди за изградба на фотоволтаици на државно земјиште, за вкупно 62 МВ инсталирана моќност пристигнати се вкупно 126 понуди од заинтересирани инвеститори.

English

Покачувањето на минималната плата на 14.500 денари ги враќа парите кај граѓаните и ја заштитува најранливата категорија граѓани

15 октомври 2019


Во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа состанок, на кој  премиерот Зоран Заев, заменик на претседателот во Владата задолжен за економските прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со претставниците на Синдикатите, Организацијата на работодавачите и Стопанските комори договорија новата минимална плата во нашата земја да изнесува 14.500 денари.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна