Почетна

Вицепремиерот Анѓушев, министерката Царовска и министерот Адеми во работна посета на Швајцарија – Да се искористат сите позитивни аспекти од швајцарскиот систем за учење преку работа и да се адаптираат за условите во нашата земја

18 септември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за образование и наука д-р Арбр Адеми, на покана на Владата на Швајцарија, ја започнаа работната посета во Берн, поврзана со швајцарските искуства за стручно образование и обука.

English

Вицепремиерот Анѓушев во посета на Руен Инокс и Пејпер Мил во Кочани – Владата се радува на успехот на компаниите, тие се основата на одржлив економски раст

13 септември 2019


Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, во рамките на активностите за презентација на измените и дополните на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Предлог законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата, ги посети компаниите Руен Инокс Аутомобиле и Пејпер Мил во Кочани, кои последните години бележат раст на приходите и на бројот на вработени.

English

Анѓушев на средба со стопанственици во Штип: Со дополнителни мерки стимулираме побрз и одржлив раст на економијата

13 септември 2019


Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денеска пред претставници на компаниите членки на регионалната комора од Штип и околината ги претстави измените и дополните на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и на Предлог законот за субвенционирање на придонесите за задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, кој само пред неколку дена е поставен на Единствениот национален електронски регистар  на прописи (ЕНЕР).

English

Премиерот Заев и Вицепремиерот Анѓушев на првиот Балкански самит на претприемништво: Иднината е во развивањето и менаџирањето на талентот, на човечкиот капитал и затоа посветено работиме на поддршка на иновативното претприемништво

13 септември 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на организаторот, денеска со свое обраќање го отвори првиот Балкански самит на претприемништво, на кој присуствуваа и заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, Евроамбасадорот Жбогар, како и членови бизнис заедницата и на дипломатскиот кор во државата.

English

Вицепремиерот Анѓушев на средба со претставници на членки на Стопанската комора на Македонија – Креиравме Владини мерки за подигнување на продуктивноста и конкурентноста на компаниите

10 септември 2019


Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денес во Стопанската комора на Македонија, пред претставници на компании, членки на Комората ги презентираше измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, усвоени неодамна, како и мерките од Предлог Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, кој само пред неколку дена е поставен на Единствениот национален електронски регистар  на прописи (ЕНЕР).

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна