Почетна

Вицепремиерот Анѓушев во посета на општина Градско: Се решаваат реални проблеми на граѓаните

20 јули 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, ја посетија општина Градско, каде од градоначалникот Роберт Бешовски беа информирани за тековните проекти со кои се надминуваат реалните проблеми на граѓаните во општината.

English

Вицепремиерот Анѓушев, МЗШВ Димковски и директорот Бабовски во посета на откупниот центар Ником во Градско – Инвестициите во откупните центри ги решаваат проблемите за откуп и пласман на земјоделските производи

19 јули 2019


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопаnство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Градско Роберт Бешовски, го посетија откупниот центар за овошје и зеленчук Ником во Градско, корисник на средства од ИПАРД 2 програмата.

English

Потпишани 74 договори за развој на селата и подрачјата со специфични развојни потреби – Наменети 2 милиони евра за рамномерен регионален развој

18 jули 2019


Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини. Вкупната вредност на проектите е 124 милиони денари, или 2 милиони евра.

English

Започна со градба фабриката на „Балканлар Пластик“: Инвестиција од 7 милиони евра со 300 вработувања

18 jули 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИР зоните, Александар Младеновски, денеска со свои обраќања го означија почетокот на градба на новата фабрика на компанијата „Балканлар Пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1. На настанот свое обраќање имаше и менаџерот на компанијата, Ерен Чалишир.

English

Вицепремиерот Анѓушев, директорот Младеновски и градоначалникот на Охрид Георгиески во посета на фабриката на Костал во Охрид – Костал продолжува со инвестирање и развој, се вработуваат млади едуцирани лица со високи примања

17 jули 2019


Заменикот  на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, ја посетија фабриката на Костал во Охрид, каде остварија средба со извршниот директор на групацијата „Леопод Костал“, Каи Кникман и потпретседателот на групацијата, Кристофер Сандерс, на која беа информирани за развојните планови на оваа компанија во нашата земја.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна