Почетна

Вицепремиерот Анѓушев на Енергетски форум во Берлин – со новиот закон за енергетика широко се отворени вратите за зголемено производство на енергија од обновливи извори

10 април 2019

Утринава започна „Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција“, еден од најважните меѓународни енергетски форуми, на кој учествуваат претставници на политиката, енергетскиот сектор и бизнисот од преку 50 земји.

English

Премиерот Заев, министерката Царовска и вицепремиерот Анѓушев им доделија признанија на компаниите што воведоа скратено работно време за вработените вратени од родителско отсуство

05 април 2019

test


„Еднакви можности за мажите и жените и баланс помеѓу професионалните и приватните обврски“ беше тема на денешната работна средба со претставници од стопанските комори на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и претставници на UN Women во нашата земја. На работната средба, која што се одржа на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, беа доделени и признанија за самоиницијативноста на шест домашни компании за приклучувањето кон глобалниот тренд за воведување на скратено работно време за вработените коишто се вратиле од родителско отсуство.

English

Презентиран вториот јавен повик за кофинансирани грантови за поддршка на иновации – достапни 5 милиони евра за микро, малите и средни компании

04 aприл 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски денеска го презентираа вториот повик од Планот за економски раст на Владата (ПЕР), наменет за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации. 

English

На седница на Советот за рамномерен регионален развој утврден предлогот за распределба на средства за финансирање на проекти во осумте плански региони

04 април 2019

На денешната седница Советот за рамномерен регионален развој го утврди предлогот за финансирање на нови 44 проекти во осумте плански региони, кој што ќе и биде доставен на Владата на усвојување на наредната седница.

English

Вицепремиерот Анѓушев, министерот Бектеши и директорот на ЕЛЕМ Миновски: распишан меѓународен тендер за изградба на фотоволтаична електрана во Осломеј со инсталирана моќност од 10 MW

03 април 2019

На 26 март 2019 година, АД Електрани на Северна Македонија, во соработка со Европската банка за обнова и развој, распиша меѓународен тендер за изградба на фотоволтаична електрана со инсталирана моќност од 10MW во рамките на термоелектраната Осломеј, Кичево, односно на локацијата на исцрпениот рудник со јаглен.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна