Почетна

Вицепремиерот Анѓушев: Рекордно ниво на странски директни инвестиции во 2018 година од 624,5 милиони евра

28 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски на прес конференција во Владата, соопштија дека во 2018 година, Народната банка на Република Северна Македонија, забележа највисоко ниво на странски директни инвестиции во историјата во вредност од 624,5 милиони евра.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши: Со изборот на универзален снабдувач заштитен е интересот на граѓаните

27 февруари 2019

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа прес-конференција на којашто се обратија заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Комисијата за избор на универзален снабдувач, академик Глигор Каневче и ги  споделија информациите и резултатите од одржаната електронска аукција на којашто конзорциумот ЕВН Македонија АДСкопје и ЕВН ЕлектроснабдувањеДООЕЛ Скопје понуди најниска маржа од 11.5% и со тоа ги исполни условите да стане најповолен понудувач за универзален снабдувач на електрична енергија на конкурентен и транспарентен начин како што епредвидено во новиот Закон за енергетика.

English

Вицепремиерот Aнѓушев: Oдговорноста да се имплементираат целите за одржлив развој е на оваа Bлада и затоа во програмските определби поставивме најголем дел од целите на Aгендата 2030

27 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања д-р Кочо Анѓушев присуствуваше на церемонијата за доделување на наградите „Предводници на Целите за одржлив развој“, што се одржа за првпат во нашата земја, како дел од проектот „Градење меѓуресорски партнерства за одржлив развој“. Проектот е спроведен од организациите „Konekt“, „Agora“ и „Network Bulgaria“, а е поддржан од УНИЦЕФ  и Делегацијата на Европската Унија. Обраќајќи се пред добитниците на наградите, претставници на компании, поединци и млади бизнис лидери, Вицепремиерот ја истакна важноста на исполнувањето на овие цели и улогата што овие компании ја имаат.

English

Положување цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 15 годишнината од неговата трагична смрт

26 февруари 2019

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство на РСМ во НАТО, Стево Пендаровски положи венец од свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата во Бутел, по повод одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател.

English

Панел дискусија за Оперативниот план за вработување 2019: Менторската и финансика поддршка од ОП ми помогна многу да се осмелам и да почнам сопствен бизнис

25 февруари 2019

Преку три панел дискусии со претставници од институциите, бизнис заедницата, но и низ лични приказни, денеска беа презентирани новите активни мерки од Оперативниот план за вработување во 2019 година. 

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна