Почетна

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани

30 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

English

Вицепремиерката Царовска, заменикот министер Бајрактар и градоначалникот Богоев го посетија инклузивното детско игралиште во Карпош 2 - Покажавме и докажавме дека се грижиме подеднакво за развојот на сите деца

30 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев,  го посетија инклузивното детско игралиште во Карпош 2, коешто е опремено со реквизити и играчки за деца со попреченост и стандардни реквизити, за да можат сите деца заеднички да се дружат и забавуваат.

English

Вицепремиерката Царовска во посета на Занаетчиската комора – Промоција на занаетите и средното стручно образование за креирање на кадар за современите потреби на економијата

30 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, денес ја посети Занаетчиската комора, лоцирана на влезот на Старата скопска чаршија, со чии претставници разговараше за поддршката на занаетчиите во услови на кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19 и за предизвиците со кои се соочуваат традиционалните и современите занаети за нивно опстанување на пазарот.

English

Царовска и Шкријељ на средба со Сојузот на здруженија на пензионери – Стабилизиран пензискиот систем, во 2020 година 324 илјади пензионери земаат секој месец пензии поголеми за 722 денари

30 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, се сретнаа со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и пензионерите од општина Центар, како и со претставници на граѓанската организација „Хуманост“.

English

Царовска и Шкријељ на средба со „Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија“- Владата докажа дека создава едно општество за сите

29 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денес, на годишнината од одржувањето на првата „Парада на гордоста“ во Скопје, одржаа работен состанок со преставници на „Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфорбија“. 

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна