Почетна

Царовска и Шкријељ во Охрид: Пензиите се сигурни, исплатите се редовни, одговорно се грижиме за пензионерите

23 јуни 2020


Пензионерите се сигурни – пензиите ги добиваат предвреме а пензискиот систем е стабилен. Во секоја пензија што се исплатуваше изминатите месеци беше вградено и јануарското покачување. Не дозволивме ниту здравствено-економската криза да се одрази на стандардот на повозрасните членови на нашата заедница, нивните месечни приходи редовно пристигнуваат. Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска се сретнаа со пензионерите од Охрид и разговараа за актуелната состојба и прашањата поврзани со натамошната реформа на социјалната заштита.

English

Царовска и Шкријељ: Соработката со граѓанските организации е исклучително важна во услови на криза, партнерски ги совладуваме предизвиците

23 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денес одржаа состанок со претставници на граѓанските организации од Охрид и регионот. На состанокот се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на времените мерки и испораката на услуги кон особено ранливите групи.

English

Вицепремиерката Царовска и заменикот министер за економија Колемишевски во Oхрид – Ваучерите за туризам и платежните картички за граѓаните ќе влијаат на опоравување на туристичкиот сектор

23 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со заменикот министер за економија Кирил Колемишевски, остварија посета на оваа општина, пришто се сретнаа со членовите на здружението на пензионери и претставници од граѓански организации, како и со сопственици и управители на хотели и други објекти за сместување кои оперираат во охридско-струшкиот регион.

English

Вицепремиерката Царовска и замениците министри Колемишевски и Павлески во Вевчани – Инвестираме во малите општини, за побрз локален и регионален развој

23 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со заменикот министер за економија Кирил Колемишевски и заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, а придружувани од градоначаникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, денес извршија увид на завршени и тековни активности за реализација на потпроектот „Туристички центар Вевчани – еден центар, еден туристички производ“, дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран со средства од Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европска Унија и во соработа со канцеларијата на Светска банка. 

English

Од 71-вата седница на Владата: Се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на масло што се користи како погонско гориво; Донесени протоколи за работа на казината и автомат клубовите

22 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на 71-та седница одржана на 22 јуни 2020 година го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за престанување на точката 9 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и со тоа се овозможува да се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на Општина Тетово, и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово, Ростуше и град Скопје.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна