Почетна

Пауновски: Државниот пазарен инспекторат после вчерашниот увид на терен, но и поради тенденцијата на сериозните пропусти и непочитување на одредбите, ригорозно ќе ги применува своите надлежности и ќе казнува

29 мај 2020


Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната вонредна прес-конференција, по одлуката на Владата вчера да  бидат отворени кафетериите и угостителските објекти за послужување храна, информираше дека инспекторите интензивно работат на терен, при што во текот на контролата е забележано непридржување во примената на протоколите за отворање и работа на кафетериите и на угостителските објекти за исхрана.

English

Вицепремиерката Царовска: Инспекторите во засилени контроли на угостителите, сите заедно да покажеме поголема свесност

29 мај 2020

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, денес апелираше до угостителите и до граѓаните да го почитуваат протоколот со кој се дозволува примање гости во кафулињата и рестораните во услови на коронавирусот. Вицепремиерката изјави дека инспекторите се на терен и секаде каде што ќе утврдат неправилности, истите ќе бидат санкционирани.

English

Вицепремиерката Царовска, директорката Шуклева и градоначалникот Костадинов во посета на трафостаницата во Валандово – Инвестираме во обнова и модернизација на преносната енергетска мрежа

29 мај 2020


Заменичката на престедателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева и градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, реализираа работна посета на трансформаторската станица во Валандово, кадешто се во тек низа на завршни инвестициски активности за модернизација на преносната енергетска мрежа.

English

ФИТР: Отворен јавен повик за компании за технолошки развој и брзо прилагодување на КОВИД- 19, со ова започнува реализацијата на третиот сет економски мерки за нова развојна македонска економија

29 март 2020


Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за Технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19, наменета за микро, мали и средни компании од Северна Македонија со потенцијал за успешно работење. Со објавувањето на јавниот повик започнува практичната реализација на третиот сет мерки за поддршка на економијата на Владата, усвоени неодамна.

English

Филиповска-Грашкоска: Во наредните 10 дена инспекторските тимови активно ќе ги информираат и едуцираат угостителите за примена на протоколите

28 мај 2020


Претседателката на Инспекцискиот Совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција, информираше за деталите за воведените протоколи за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти, кои произлегуваат од измените на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, како и за идните планирани активности на инспекциските служби во насока на контрола на примена на протоколите.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна