Почетна

На јавувањата на граѓаните и компаниите одговараат и агенти од надлежните министерства и институции, проширен тимот на владиниот контакт центар 02/324-8040

14 мај 2020

Владиниот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните за економските мерки за Ковид-19 го прошири тимот на агенти во повеќе надлежни министерства и институции. Сега на телефонскиот број 02/324-8040, освен примарното јавување од стручен тим од Владата, на прашањата  одговараат и лица од Министерствата за труд и социјална политика, за економија, финансии, информатичко општество и администрација, Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување.

English

Средба на премиерот Спасовски и на владини претставници со членови на Економскиот совет, на претставници на коморите, синдикални претставници: Се финализира третиот сет економски мерки за поддршка на граѓаните и стопанството

13 мај 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, од заменикот на претседателот во Владата задолжен за европски прашања, како и за координација на меѓународната помош во време на здравствено-економската криза, Бујар Османи, од министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и заменик министерката за финансии, Ширет Елези, го одржа третиот состанок со членовите на Економскиот совет, експерти, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на коморите, синдикални претставници.

English

За една недела направени 3.690 инспекциски надзори, угостителите да се воздржат од отворање на објектите, до нова одлука

13 мај 2020


Претседателката на Инспекцискиот Совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната редовна прес-конференција информираше за инспекциските надзори направени од страна на шест инспекторати во периодот од 4 до 11 мај годинава, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.

English

Протоколи кои поризлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Врз основа на член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 мај 2020 година, донесе

  

О Д Л У К А

 

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

 

Член 1

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна