Почетна

Од 28-мата седница на Владата: Забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот

25 март 2020


Владата на Република Северна Македонија на својата 28-ма седница го усвои Записникот од Десеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржан на 25 март 2020 година.

English

Генералниот извршен директор на Развојна банка Наумов: Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот во справувањето со КОВИД-19

25 март 2020


Првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со КОВИД-19 од полноќ се достапни на компаниите. Развојната банка на Република Северна Македонија денес на својата веб страница www.mbdp.com.mk го објави јавниот повик  за оваа прва кредитна линија, а аплицирањето почнува од 00:00 часот вечерва, соопшти на прес-конференција генералниот извршен директор на банката, Кире Наумов. 

English

Од 27-та седница на Владата

24 март 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

English

Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашкоска: За четири дена спроведени над 11 илјади надзори, сите инспектори се на терен во интерес на здравјето на граѓаните

24 март 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциските надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, кои интензивно се спроведуваат на терен, со цел да гарантираат целосно почитување на мерките на Владата за заштита од КОВИД-19.

English

Граѓаните кои ќе пристигнат на граничните премини ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот

23 март 2020

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница донесе Уредба преку која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна