Почетна

Вицепремиерката Царовска и министерката Апостолска во посета на компанијата „Раде Кончар контрактори и релеи“: Владата води одговорни економски политики насочени кон работниците и работодавачите

5 февруари 2020


Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ ја посетија компанијата „Раде Кончар контрактори и релеи“, една од 220-те компании кои што добија државна поддршка преку мерките на Законот за финансиска поддршка во изминатите две години.

English

Вицепремиерката Царовска на средба со пензионерите од Гази Баба: Исплатена повисока пензија за 722 денари на 324 илјади пензионери, овој износ влегува во основицата за понатамошна пензија

4 февруари 2020


Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Мила Царовска заедно со дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорот и заменикот на директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Шаип Зенељи и Илија Ивановски  се сретнаа со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова и членовите на Здружението на пензионери на општина Гази Баба, со кои разговараа за реформите во пензискиот систем и покачувањето на пензиите за сите пензионери во државата.

English

Царовска: 324 илјади пензионери од понеделник добиваат повисока пензија за 722 денари, продолжуваме со грижата за повозрасните

1 февруари 2020 


Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Мила Царовска, директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Шаип Зенељи и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајакова, на заедничка прес-конференција соопштија дека од понеделник почнува исплатата на зголемените пензии за сите пензионери.

English

Вицепремиерката Царовска и Владин економски тим на средба со Советот на странски инвеститори – Ги решаваме барањата на странските компании, продолжуваме преку заеднички дијалог да одговараме на нивните потреби

31 јануари 2020


Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заедно со министрите за странски инвестиции Зорица Апостолска, д-р Елвин Хасан и д-р Бардуљ Даути, директорите на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски, на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Арбен Вила, на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, претставници од Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Царинската управа и други органи на државната управа, остварија средба со претставници на компании-членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонја.

English

Вицепремиерката Царовска на одбележување 75 години од ослободување на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау: Голема трагедија која е врежана во нашата меморија, никогаш да не се повтори

27 јануари 2020


Во присуство на преживеаните од нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау и стотици официјални лица од многу држави во Европа и светот, денес на местото на поранешниот логор во Република Полска, беше одбележан Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот,  кој со одлука на Генералното собрание на ООН е утврден да се одбележува на 27 јануари.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна