Почетна

Објавен јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани во Свети Николе и Македонски Брод – Вицепремиерот Анѓушев: Едноставна процедура за аплицирање, главен критериум за добивање на локација е понискиот Премиум

10 јуни 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на презентација на јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 35 MW, кои се планирани да се градат на државно земјиште во Азамбегово (Свети Николе) и Манастирец (Македонски Брод), настан кој се организираше во Стопанската комора на Македонија од страна на Македонската енергетска асоцијација.

English

Вицепремиерот Анѓушев, МЗШВ Николовски и директорот на АФПЗРР Бабовски ги доделија решенијата за програмата за рурален развој на општините – обезбедени 38 милиони евра за 202 проекти за рурален развој

8 јуни 2019


Преку Програмата за рурален развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, од буџетот на Република Северна Македонија, обезбедени се финансиски средства од околу 38 милиони евра, за реализација на 202 проекти во сите општини и плански региони Со овие средства директно ќе се овозможи подобрување на условите за живот во малите општини и руралните средини.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев: Растот од 4.1% го очекувавме, 49.552 нови вработени за две години - преку систем и стратегија имаме обврска да обезбедиме одржлив и долгорочен развој на земјата

7 јуни 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска на заедничка прес-конференција ги претставија последно објавените податоци за раст на БДП во првиот квартал од 4.1% и пад на невработеноста на 17.8%. 

English

Владата во консултација со бизнис секторот креира активни мерки за намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот

7 јуни 2019


Надминување на проблемот со недостиг на работна сила во Северна Македонија, враќањето на довербата во институциите и креирањето на заеднички активни политики за намалување на невработеноста, беа теми на дискусија на денешната работна средба  „Премостување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на трудот“, на заменик на претседателот на Владата за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставниците од  Американската стопанска комора  во Република Северна Македонија. 

English

Вицепремиерот Aнѓушев и министерот Бектеши го промовираа јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани – можност за инвеститорите за изградба на фотоволтаици со инсталирана моќност од 35 мегавати

6 јуни 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија м-р Крешник Бектеши и претставничката на Европската банка за обнова и развој г-ѓа Анка Јоана Јонеску, на прес конференција во Владата извршија промоција на првиот јавен повик за изградба на фотонапонски електро централи на државно земјиште по принцип на Премиум. Јавниот повик ќе биде објавен на 10 јуни, се однесува на изградба на фотонапонски електро централи со инсталирана моќност од 35 мегавати, а сите заинтересирани инвеститори ќе може да ја подигнат тендерската документација и да аплицираат во рок од 60 дена, по што ќе биде извршено јавно отворање на доставените понуди.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна