Почетна

Работна средба на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство со премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорите на УЈП и Царинската управа и дебата за аргументирани промени за поголемо подигнување на економските параметри и

28 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, директорите на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и неговите советници за економски прашања, вчера попладне одржаа неколкучасовна средба со претставници на  Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство на кој отворија дискусија за поединечни предлози и решенија кои директно би помогнале за подобрување на условите за водење бизнис во државата.

English

Премиерот Заев со владина и бизнис делегација во посета на Словенија: Ни значи вашата поддршка, по 14 години како земја-кандидат заслужуваме да добиеме продолжување на процесот, а тоа е почетокот на преговорите со ЕУ

28 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и бизнис делегација престојува во официјална дводневна посета на Република Словенија, во рамките на која оствари средби со бизнисмени и претставници на државниот врв на Словенија, а ќе присуствува и на Бизнис форумот во организација на Стопанските комори на Северна Македонија и Словенија.

English

Отпочна официјалната посета на делегација на Владата на РСМ, предводена од премиерот Заев на Словенија, придружена со делегација стопанственици

28 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од Претседателот на Владата на Словенија, Марјан Шарец, како дел од програмата на официјалната посета.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев најавија нова словенечка инвестиција: ТАБ МАК со нова инвестиција вредна 25 милиони евра за 90 нови работни места во Пробиштип

28 мај 2019


Во рамки на дводневната официјална посета на Словенија премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев одржаа неколку средби со словенечки компании и оттаму најавија нова инвестиција на компанијата ТАБ МАК во висина од 25 милиони евра којашто ќе отвори над 90 нови работни места во Пробиштип и околината.

English

Вицепремиерот Aнѓушев и министерот Фазлиу ги промовираа одобрените проекти за „одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – доделени над 1,1 милиони швајцарски франци за инвестициски и иновативни проекти

27 мај 2019


Со буџет од над 1,1 милион швајцарски франци ќе бидат реализирани шеснаесет проекти од осумте плански региони во државата. Избраните проекти кои се финансираат се во насока на развој на планските региони и се дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го имплементираат Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Овие средства се една, од трите компоненти на проектот „Одржлив и инклузивен рамнорен регионален развој“, во вкупна вредност од над 5 милиони швајцарски франци.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна