Почетна

Вицепремиерот Анѓушев на чевствување на делото на Свети Кирил во Рим

24 мај 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација, која ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, и која денес учествува на активностите по повод чевствувањето на Св Кирил во Рим, кое се одржува по 52-ри пат. Во состав на државната делегација како преставици од Владата уште се и заменикот министер за култура Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за надворешни работи Виктор Димовски и претседателот на комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.

English

Вицепремиерот Анѓушев, министрите Сугарески и Николовски на билатерална средба со колегите од Црна Гора: Подобрувањето на инфраструктурната поврзаност е клучно за зголемување на трговската размена помеѓу двете држави

23 мај 2019


Во рамки на официјалната посета на Црна Гора, предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во склоп на којашто ќе се одржи  првата заедничка седница меѓу владите на двете земји, денеска заменик -претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаа билатерална средба со вицепремиерот за економски прашања и министер за земјоделство на Република Црна Гора, Милутин Симовиќ и министерката за економија Драгица Секулиќ. 

English

Потпишан договор за закуп помеѓу ДТИРЗ и компанијата Герешаимер: Глобалниот лидер во производство на пластична и стаклена медицинска амбалажа ќе вработи 400-тини луѓе

23 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска присуствуваа на потпишувањето на договорот за закуп помеѓу директорот на Дирекцијата за технолошки и развојни зони, Александар Младеновски и Оливер Бургел, извршен потпретседател на Герешајмер задолжен за глобални операции, квалитет и набавки. 

English

Премиерот Заев на работен појадок со Сојузот на стопански комори: Постигнатиот раст на БДП е генериран благодарение на реалната економија, а не на инвестиции во споменици и тоа гарантира одржливост на долг рок

23 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик на претседателот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, денеска учествуваше на работен појадок со Сојузот на стопански комори. 

English

Премиерот Заев: Владата е посветена на спроведување на реформите во образованието, кои се важни за обезбедување на квалитетен живот на младите и поттикнување на економскиот раст

22 мај 2019



Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик на претседателот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и заедно со претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Бенџамин Перкс, учествуваше на настан „Цели за одржлив развој: Јавна расправа – Јасна визија за квалитетно образование“.

 Зборувајќи за важноста на реформите во образованието, премиерот Зоран Заев потенцираше дека Владата е посветена на спроведување на реформите во образованието, кои се исклучително важни за обезбедување на квалитетен живот на младите, поттикнување и зголемување на економскиот развој и раст на севкупната наша економија. 

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна